Чешката полиција го претстави најновиот додаток на својата флота автомобили, „ферари“ кое може да достигне брзина од 326 километри на час. Таа појасни дека автомобилот бил запленет од криминалци.

„Во неговата трансформација во полициско возило биле вложени 12.000 евра, колку што би чинела и нова ‘шкода‘“, кажаа од полицијата.

„Ферари 458 Италија“, меѓу другото, ќе се користи за разбивање на илегални трки со коли и за бркање украдени автомобили. До 100 км/час забрзува за 3,4 секунди.

„Ова ‘ферари‘ ќе се користи против најагресивните возачи на чешките патишта“, изјави шефот на сообраќајниот оддел, Јиржи Зли.