ФЕСТИВАЛОТ „ЛУМИЕР“ ГО ОСВЕТЛИ ЛОНДОН

Лондон, (Гардијан)

Повеќе од 50 јавни уметнички инсталации ќе бидат изложени овој викенд низ Лондон, како дел од годинашното издание на фестивалот на светлината „Лумиер“.

Вестминстерската црква и националниот театар се меѓу познатите објекти кои добија нов изглед за потребите на овој спектакуларен настан, откако делата на уметници од целиот свет ги исполнија ноќните улици на Лондон со светлина и боја.

Фестивалот се одржува низ Велика Британија од 2009 година и ова му е втора година по ред во Лондон. Ланскиот фестивал бил посетен од 1,3 милиони луѓе.