До крајот на следната година, „Фиат“ планира да електрифицира 60% од своите модели, било како хибриди, било како целосно електрични, изјави Лука Наполитано, шефот на ЕМЕА, групација која ги застапува „Фиат“, „Ланча“ и „Абарт“.
„До крајот на 2021, 60% од сите модели во понудата на ‘Фиат‘ ќе бидат електрифицирани, што е подобро од пазарниот просек“, кажа Наполитано.
„Фиат“ оваа година ги претстави малиот автомобил „нуова 500“, хибридните верзии на „500“ и „панда“, како и хибридниот автомобил „Y“, единствениот модел на „Ланча“ кој моментално е во понуда. Компанијата најавува дека уште неколку нејзини модели ќе се појават во хибридна верија во иднина, како седанот „типо“ и компактниот теренец „500X“.