„ФОЛКСВАГЕН“ НАЈАВИ МАЛ ЕЛЕКТРИЧЕН АВТОМОБИЛ ЗА ШИРОКИ НАРОДНИ МАСИ

Берлин, (Ројтерс)

Фолксваген“ најави производство на мал електричен автомобил за широки народни маси, во обид да ги зголеми своите продажби во новата, зелена ера.

Во рамките на проектот „Мал БЕВ“ (електрично возило на батерии), инженерите на компанијата забрзано работат на развојот на автомобил со погон на батерии, кој би имал големина на „поло“ и би чинел меѓу 20.000 и 25.000 евра. На тој начин би бил поевтин од нејзиниот електричен автомобил „ИД.3“, кој почна да се продава во септември. 

Фолксваген“ не откри други детали за возилото и кога би можел да се најде во продажба.

Најавените нови климатски регулативи на Европската Унија ќе нѐ натераат да го зголемиме уделот на хибридните и електричните возила во вкупните продажби во Европа на 60% до 2030 година, откако претходната цел беше 40%“, кажаа од „Фолксваген“.

Во почетокот на месецот, компанијата објави дека во развојот на овој сектор ќе вложи 73 милијарди евра во наредните пет години.