Пиварницата „Хајнекен“ и американската компанија за облека „Бодега“ лансираа „глупав“ мобилен телефон, дизајниран да ги спречи младите да не губат време на смартфони.
„Boring Phone“ е лишен од „дистракциите“ што ги имаат денешните смартфони и се користи првенствено за повици и СМС-пораки. Поради тоа, нема пристап до интернет и социјалните мрежи, со цел младите да се обесхрабрат да не бидат толку врзани за технологијата.
Дизајнот на телефонот на преклопување потсетува на мобилната технологија од почетокот на 2000-тите, исто како и батеријата, која трае една недела кога не се користи. Телефонот е опремен со камера со 0,3 мегапиксели, ФМ радио и видеоигра со змија.