ХЕЛЕН МИРЕН И ЏЕЈН ФОНДА ГО УКРАДОА ШОУТО НА ПАРИСКАТА МОДНА НЕДЕЛА

Актерските легенди Хелен Мирен и Џејн Фонда, двете во осмата деценија од животот, блеснаа за време на модната недела во Париз, но не седејќи во првиот ред на публиката, туку на пистата.

Тие зедоа учество во шоуто на „Л‘Ореал“, што се одржа во најстрогиот центар на Париз, на Елисејските Полиња и ги воодушевија сите со своите младешки фигури и со самоуверениот чекор на вистински манекенки.

„Јас не се сметам за прекрасна, но отсекогаш сум имала добар изглед и планирам да останам таква. Мора да се респектира убавината и на постари жени. Како да се чувствува блага промена во модниот свет во тој поглед. Сите го заслужуваме тоа“, изјави 72-годишната Мирен, која стана заштитно лице на француската компанија во 2014 година.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *