„ХЈУНДАИ ЈОНИК 5“ ПРОГЛАСЕН ЗА СВЕТСКИ АВТОМОБИЛ НА ГОДИНАТА

Њујорк, (Мотор1)

„Хјундаи јоник 5“ е прогласен за Светски автомобил на годината за време на Меѓународниот автосаем во Њујорк. Во изборот на 102 новинари од 33 држави, електричниот кросовер ги победи „киа ЕВ6“ и „форд мустанг мак-е“.

„Јоник“ истовремено беше прогласен за електричен автомобил на годината и ја доби наградата за најдобар дизајн.

„Со ‘јоник 5‘ креиравме ново искуство на мобилност. Ова исклучително возило го овозможија страста и напорите на нашите дизајнери и инженери, кои ги поместија границите во светот на електричните автомобили“, изјави иавршниот потпретседател на „Хјундаи“, Санг-Јуп Ли.

На таканаречените оскари на автомобилскиот свет, „мерцедес EQS“ беше прогласен за најлуксузен, а „тојота јарис крос“ за урбан автомобил на годината.