„ХЈУНДАИ ЈОНИК“ ИЗБРАН ЗА СВЕТСКИ АВТОМОБИЛ НА ГОДИНАТА ВТОРА ГОДИНА ПО РЕД

Њујорк, (Мотор1)

„Хјундаи јоник“ втора година по ред е прогласен за Светски автомобил на годината. Лани славеше петтата верзија на овој електричен кросовер, додека „јоник 6“ ги собра главните почести за 2023, што ги вклучува и наградите за најдобар дизајн и за најдобар електричен автомобил.

Во конкуренција за главната награда беа и „киа ниро“ и „BMW X1/iX1“.

„Возбудени сме што ги примаме овие престижни почести две години по ред, со кои се признаваат огромните таленти и напори на сите во ‘Хјундаи мотор‘“, изјави претседателот на компанијата, Џаехон Чанг.

За најдобар луксузен автомобил е прогласен „лусид ер“, а урбан автомобил на годината е „ситроен Ц3“.

За наградите одлучуваше жири од 100 специјализирани новинари од 32 држави.