Вечерва (17 јуни) од 20 часот, на Технолошко-металуршкиот факултет при УКИМ во Скопје ќе се одржи јубилејната 20. студентска ревија, која оваа година е насловена „Вортекс импресии“ и инспирирана од делата на уметникот Клод Моне. На ревијата ќе бидат прикажани креативните модни решенија на студентите на професорката и модна дизајнерка Лидија Георгиева, инспирирани од темата на вртлогот како симбол на енергија, движење и современиот свет.
„Годинава, 100 години од заминувањето на еден од најголемите импресионисти, францускиот уметник Клод Моне, приказната не е завршена, таа продолжува со нови импресии, во чекор со новите технологии“, велат организаторите на ревијата.
Во декември 2023, студентите од ТМФ одржаа уникатна модна ревија инспирирани од делата на Пикасо.
Фото: К. Попов