Студенти од Технолошкиот универзитет во Ајндховен дизајнираа електричен автомобил со две седишта, направен од биопластични и ленени влакна на база на шеќер.
Тимот од „ТУ/екомотив“ го опиша „ное“ како „најкружен автомобил во светот“. Кружната економија е ресурсен систем кој се обидува да го намали вишокот отпад и да ја зголеми одржливоста на одреден производ.
Покрај органскиот состав, студентите велат дека автомобилот 90 проценти е направен од обновливи материјали.
„Се работи за свесност. Сакаме да покажеме дека кружна економија е веќе можна во сложените производи, како што се автомобили“, вели еден од членовите на тимот, Кас Верстапен, студент по автомобилска технологија.
На крајот на работниот век на автомобилот, биокомпозитот од шеќер и лен може да се разложи и да се искористи како суровина за други производи, како блокови за градежништво.
Иако нема планови „ноe“ да се произведува, тимот летово ќе пропатува со автомобилот низ неколку европски градови за да ја претстави иновацијата.