Хрватскиот уметник Томислав Хорват не е првиот кој прави скулптури од кибритчиња, но можеби е најамбициозниот. Тој употребил 210.000 кибритчиња за да создаде скулптура на пијанист во природна големина кој свири на големо пијано, сосе жици од кибритчиња.
Сепак, 34-годишниот Хорват не се задоволил со тоа, па сега во своето село Домашинец ја прави својата верзија на славната скулптура на Давид од Микеланџело, за што вели дека ќе му требаат уште година и пол.
„Ја правам веќе шест години и ми требаат уште 30.000 кибритчиња за да ја довршам. Ќе се состои од вкупно 430.000 кибритчиња“, вели Хорват.
Тој почнал со помали модели, но во 2013 отишол чекор подалеку, правејќи скулптура на Ал Пачино во природна големина, и тоа како Дон Корлеоне од филмот „Кум“. „Пијанист“ е неговата втора скулптура со големи размери.
Хорват ги изложувал своите дела во галерии во Хрватска, но вели дека засега не се на продажба.
(Фото: Томислав Хорват со скулптурата на Ал Пачино)