Хрватска следната година влегува во еврозоната, а денеска покажа како ќе изгледаат нејзините монети на евро.
И додека банкнотите се единствени, секоја земја-членка има можност да стави свои национални мотиви на една страна од монетите. Шаховницата ќе биде основата, а дополнителни мотиви ќе бидат мапата на Хрватска, куната, глаголицата и ликот на Никола Тесла. Нивниот дизајн беше избран на конкурс.
Хрватска ќе биде 20. држава која го прифати еврото како заедничка валута откако еврозоната беше воспоставена на 1 јануари 1999.