ЈАПОНЦИТЕ ДИЗАЈНИРАА СПЕЦИЈАЛНА ЗАШТИТНА МАСКА ЗА ТРЧАЊЕ

Токио, (Дезин)

Јапонскиот спортски бренд „Асикс“ дизајнираше заштитна маска со воздушни отвори која луѓето можат да ја носат додека спортуваат или вежбаат среде пандемијата на коронавирусот.

Заштитната маска за трчање има дополнителен простор за брзо дишење и стратешки поставени отвори кои овозможуваат проток на воздухот и го минимизираат ризикот од ширење на капките.

Фото: Дезин

Маската е направена од водоотпорен материјал кој може да се пере.

„Знаеме колку им е важно на луѓето да бидат заштитени и кога се рекреираат, но голем број од заштитните маски се доста неудобни и го ограничуваат спортувањето. Затоа ја дизајниравме оваа маска“, изјави извршниот директор на „Асикс“, Кеничи Харано.