Македонија останува во рамките на својот неделен просек од илјада нови случаи на коронавирус и ја надмина границата од 11.000 заразени, а се ближи и кон уште еден црн биланс – 500 починати од почетокот на кризата.

  • Ковид-19 однесе уште четири животи во земјата: по еден пациент од Скопје, Битола, Кичево и Штип.
  • Вкупната бројка починати сега изнесува 497.
  • Во изминатите 24 часа се регистрирани 166 нови случаи на коронавирус (од 1.419 тестирања), распоредени во 18 градови.
  • Најмногу нови случаи има во Скопје (47), па следуваат Штип (23), Куманово (17) и Гостивар (15).
  • Од почетокот на епидемијата, во Македонија има 11.054 заразени.
  • Од тоа, 3.675 се активни случаи, а оздравеле 6.882 лица.