ЈУСЕИН БОЛТ ГО ПРЕТСТАВИ СВОЈОТ ПРВ ГРАДСКИ МИКРОАВТОМОБИЛ

Мајами, (Си-Ен-Ен)

Јусеин Болт, најбрзиот човек на сите времиња, го претстави своето прво електрично возило, но тоа не е бесен спортски автомобил. Напротив, „нано болт“ е микроавтомобил наменет за градско возење, висок само 121 сантиметар, со што се гледа како конкурент на „рено твици“.

И покрај малиот раст, „нано“ е доста практичен. Со две седишта, сместени едно зад друго, тој може да прими две возрасни лица, плус четири парчиња багаж. Болт со неговите 195,5 сантиметри го собира во возилото.

Зад „нано болт“ стои старт ап компанијата од Мајами Бич, „Болт мобилити“, кадешто Јамајчанецот е деловен партнер. Нејзиниот главен производ е електричен скутер за изнајмување, но со „нано болт“ можат да се поминат многу повеќе, до 24 километри со едно полнење, што го прави корисен и за најголеми градови.

„Нано болт“ би имал цена од 9.999 долари и планот е да почне да се продава од наредната година.