Во просториите на друштвото „Македонија“ во Сплит се отвори изложба на традиционална македонска народна носија во современ дизајн. Изложените носии се изработени од велешанката Благородна Донева, а изложбата беше во рамките на 28. Денови на македонската култура во Сплит. Донева се претстави со 21 носија, 15 женски и шест машки.
„Среќна сум што и јас како ракотворец и етнотворец на македонски рачни изработки се претставувам во Хрватска. Ова е можност за нас творците да ги презентираме македонската култура, културно-историското наследство и современото творештво меѓу Македонците кои живеат во Сплит и Далмација“, рече Донева.
Ова беше нејзината 21. самостојна изложба на ракотворби.
П. ПЕЧКОВ