НАСА е подготвена да лансира нов, титаниумски тоалет за екипажот на Меѓународната вселенска станица, вреден 23 милиони долари. Астронаутите на тој начин ќе добијат нов тоалет за првпат по неколку децении и со тежината од 45 килограми и височината од 71 сантиметар, тој е двапати помал од двата сегашни тоалета на станицата произведени од Русија.
Тоалетот ќе се тестира неколку месеци и ако помине добро, ќе влезе во редовна употреба и потоа ќе се користи на идните мисии на Месечината.
Старите тоалети повеќе им одговараа на мажите, па за да се овозможат подобри услови за вршење нужда за жените, НАСА го навали седиштето на новиот тоалет и го направи повисок.
„Новиот облик ќе им помогне на астронаутите да се наместат подобро при онаа ‘друга‘ работа. Чистење неред е голема работа. Не сакаме ништо да ни избега“, вели проект менаџерката Мелиса Мекинли од вселенскиот центар „Џонсон“.
Одење во тоалет во вселената можеби изгледа како лесна работа, но понекогаш едноставните работи стануваат потешки без гравитацијата, додава астронаутот Мајк Хопкинс.
Последен пат кога НАСА нарачала нов тоалет беше во почетокот на 1990-ите.