ПАНДА ЌЕ БИДЕ МАСКОТА НА ЗИМСКАТА ОЛИМПИЈАДА 2022 ВО ПЕКИНГ

Пекинг, (АП)

Насмеана панда и традиционален кинески фенер се претставени како маскотите на Зимските олимписки игри и на Параолимпијадата во Пекинг во 2022 година. Градоначалникот Ченг Џининг ги опиша како неодоливи, уникатни и исклучителни.

Името на пандата е Бинг Двен Двен и шарените кругови околу нејзиното лице ги симболизираат лизгачките патеки и 5Г технологијата, појаснија од Организацискиот комитет.

Кинески фенер со име Шуеј Рон Рон е маскота на Параолимпијадата (Фото: АП)

Голема панда беше една од маскотите на Летните олимписки игри 2008 во Пекинг, па на социјалните мрежи ги искритикуваа организаторите за некреативност.

Параолимписката маскота Шуеј Рон Рон ја доловува веселата атмосфера на Кинеската нова година, која ќе се совпадне со одржувањето на Игрите.

Двете маскоти беа избрани меѓу 5.800 пријави од 35 држави.