ПОЧИНА КРЕАТОРОТ НА ПРВАТА МАШИНА ЗА КАРАОКЕ, ЈА ДОБИЛ ИДЕЈАТА ОТКАКО МУ РЕКЛЕ ДЕКА ПЕЕ ЛОШО

Токио, (Си-Ен-Ен)

Шигеичи Негиши, јапонскиот претприемач кој ја измисли првата машина за караоке, почина на 100 години. Тој го автоматизираше и комерцијализираше караокето кога неговата кутија „спарко“ почна да се продава во 1967 година.

Според авторот Мет Алт, кој го интервјуирал Негиши за своја книга во 2018, тој водел електронска компанија кога во 1967 добил идеја за она што ќе стане машина за караоке. Откако еден инженер го слушнал како пее и му рекол дека не звучи добро, Негиши си помислил „кога само би можеле да го слушнат мојот глас додека оди матрица“.

Иако пронајдокот на караоке нашироко му се припишува на јапонскиот музичар Даисуке Инуе благодарение на неговата музичка кутија од 1971, кутијата „спарко“ дизајнирана четири години порано, всушност, е првата машина за пеење.

Негиши создал околу 8.000 кутии ‘спарко‘ кои биле поставени низ Јапонија, но неговиот бизнис бил краткотраен зашто тој се уморил од конфликтот со музичарите и од бавната продажба. Тој целосно го напуштил бизнисот со караоке во 1975 и никогаш не го патентирал својот пронајдок“, вели Алт.

Зачувана е само една кутија „спарко“, која е во сопственост на семејството Негиши.