ПРЕТСТАВЕН ВЕЛОСИПЕДСКИ ШЛЕМ СО ТЕХНОЛОГИЈА КОЈА ШТИТИ ОД ПОТРЕС НА МОЗОК

Њујорк, (Дезин)

Американските компании „Бонтрејџер“ и „Трек“ претставија нов велосипедски шлем, за кој велат дека нуди 48 пати подобра заштита од удари од стандардните шлемови со пења.

Шлемот содржи апсорбирачки материјал наречен WaveCel, кој е опишан како „најнапредна технологија за шлемови досега дизајнирана“. WaveCel има структура со флексибилни индивидуални ќелии, која ја апсорбира силата на ударот и ја пренасочува подалеку од главата.

Класичните шлемови со пења се покажаа неефективни во спречувањето на потрес на мозок. Тие се направени за да ја издржат директната сила, со што се спречуваат фатални повреди на черепот, но не го штитат мозокот во целост.

WaveCel е дизајниран да го ублажи токму тој вид на удар. Компанијата кажа дека при тестирањата, потрес на мозок бил спречен во 99 од 100 случаи.

Ова е најнапредната технологија за шлемови досега и таа е голем чекор напред во зголемувањето на безбедноста на велосипедистите“, изјави претседателот на „Трек“, Џон Бурк.