„ЛЕТЕЧКИ“ ГЛИСЕР ВО КОЈ НЕ МОЖЕ ДА СЕ ДОБИЕ МОРСКА БОЛЕСТ ГО ИМАШЕ ПРВОТО ВОЗЕЊЕ ВО ШВАЈЦАРИЈА

Женева, (Ројтерс)

Првиот електричен хидроглисер на светот, кој ги намалува потрошувачката на енергија и бучавата, исто како и морската болест така што лебди над водата, го имаше своето деби на езерата во Швајцарија.

„Кандела 7“ постигна брзина од 53 километри на час и неговиот производител вели дека тој има поголем домет и патува помазно од останатите електрични бродови.

Хидрокрилата го намалуваат триењето на водата, со што потрошувачката на енергија се намалува за 80% во споредба со нормалните дизелски бродови, а дометот се зголемува на 90 километри. Со помош на компјутер, позицијата на подводните крила автоматски се прилагодува 100 пати во секунда, со што се намалуваат нишањето и шансите да се добие морска болест.

„Бидејќи глисерот не го удираат никакви бранови, патувањето е навистина мазно“, велат од шведската компанија „Кандела“.

Еден ваков брод чини околу 250.000 евра и од компанијата сметаат дека тој е идеален за тури по швајцарските езера.