Германија почна да ја тестира првата фаза од проектот „Е-автопат“, во кој хибридни камиони се движат закачени на електрични жици поставени над автопат.

Петкилометарската електрична делница ги поврзува градовите Ланген/Мерфелден и Вајтерштат, при што хибридните, електрично-дизелски камиони се движат по една од регуларните четири ленти на автопатот Дармштат-Франкфурт. Според одделот за транспорт на државата Хесе, Е-автопатот ќе биде тестиран во двете насоки до 2022 година, при што ќе се користи електрична енергија од обновливи извори.

Првите тест-возења беа направени во декември, но во ноќни услови и при мала брзина. Од оваа недела, хибридните камиони возат среде редовниот, густ сообраќај.

Ова е револуционерен обид да се намали емисијата на штетни гасови во друмскиот сообраќај во Германија“, изјави шефот на технолошкиот оддел на „Сименс“, Роланд Едел.

Проектот не е евтин. Тој чини 14,6 милиони евра и е поддржан од Министерството за екологија.