ТОПКАТА ЗА ЕП 2024 ВО ГЕРМАНИЈА СОДРЖИ ТЕХНОЛОГИЈА ШТО ЌЕ ИМ ПОМАГА НА СУДИИТЕ

Берлин, (Ројтерс)

Организаторите на Европското фудбалско првенство во Германија ја претставија новата топка со која ќе се играат натпреварите следната година и таа содржи вградена технологија што ќе им помага на судиите во ВАР-собата при спорни ситуации. Топката произведена од „Адидас“ се вика Fussballliebe (љубов кон фудбалот), а нејзиниот шарен дизајн ја одразува енергијата на настанот.

Првенството ќе се игра во десет германски градови, почнува на 14 јуни 2024, а финалето е на 14 јули на Олимпискиот стадион во Берлин.

Технологијата вградена во топката ќе овозможи да се следат сите елементи од нејзиното движење и ќе им помага на судиите.