Украински научници измислија еколошка пластична ќеса, која брзо се разложува, не ја загадува околината и откако ќе се износи, може да се изеде.

Д-р Дмитро Бидјук и неговите колеги го откриле овој материјал со комбинирање на природни протеини и скроб во нивната лабораторија на Националниот земјоделски универзитет во градот Суми.

Тие обликуваа чаши, цевки за пиење и ќеси од морска трева и скроб, извлечен од алги, добивајќи предмети на кои обично би им требале стотици години да се разложат. Исто така, боењето и логото се изведени со природни прехрамбени бои.

„Главната предност на овој материјал е што целосно се разложува за 21 ден. Ќесата, на пример, се распаѓа во земјата за само една недела. Тој, исто така, е целосно погоден за консумирање“, вели Бидјук.

Тимот од Суми ја доби Наградата за одржливост, што се доделува на Светскиот куп на стартапи во Копенхаген и е во преговори за обезбедување странски инвеститори.