ДУБАИ ЈА ОТВОРИ НАЈГОЛЕМАТА ФОНТАНА НА СВЕТОТ

Дубаи, (АФП)

Дубаи со величествен огномет ја отвори најголемата фонтана на светот, додека земјата се обидува да го заживее туризмот, кој е тешко погоден од пандемијата на коронавирусот.

„Фонтаната на палмите“ се простира на 7.327 квадратни метри и може да прска вода до 105 метри во воздух. Опремена е со 3.000 разнобојни ЛЕД-светилки, кои ноќе го осветлуваат небото над океанот.

Таа се наоѓа во рамките на трговскиот центар „Поинт“ на Палм Џумеира, вештачкиот остров во облик на палма.

Претставници на Гинисова книга на рекорди потврдија дека ова е најголемата фонтана на светот.