ГЕРМАНСКИ ФОТОГРАФ СЕ ИНСПИРИРА ОД НОЌНОТО НЕБО ЗА ДА СОЗДАВА МАГИЧНИ ФОТОГРАФИИ

Берлин, (Лонли планет)

Најголемата страст на германскиот фотограф Алекс Форст е да го доловува ноќното небо во неверојатни детали. Од Млечниот Пат над планини до црвената месечина над Барселона, фотографиите на Форст раскажуваат чудесни приказни.

„Сакам приказни и сакам да ги кажувам преку моите фотографии. Откога знам за себеси ги сакам ѕвездите и беше природно да почнам да се занимавам токму со таква фотографија. Не ставам описи на моите фотографии, ниту им давам имиња. Сакам тие што ги гледаат да создадат своја сопствена приказна“, вели Форст, кој сега живее во Швајцарија.

При правењето на фотографиите, Форст користи апликација за следење ѕвезди, што овозможува многу долги експозиции и ја фокусира камерата на иста точка.