Златните глобуси годинава се доделуваа онлајн, преку Зум и видеоповици, но гламурот не изостана ниту кај презентерите, ниту кај номинираните и наградените, кои се вклучуваа од своите домови или хотели од разни страни на светот.

Водителки на церемонијата, која се смета за предвесник на Оскарите, беа актерките Тина Феј и Ејми Поулер, првата во Њујорк, втората во „Хилтон“ во Беверли Хилс.

Синтија Ериво (Фото: Ројтерс)

Холивудските ѕвезди немаа можност да продефилираат на црвен килим пред фотографите и камерите, па најновите колекции на модните куќи ги претставија преку своите профили на социјални мрежи или видеоповиците.

Ѕвездата на „Дамски гамбит“, Ања Тејлор-Џој, во „Диор“ и накит на „Тифани“ вреден милион долари (Фото: Гети)

Никол Кидман во „Луј Витон“

Мајкл Даглас и Кетрин Зета-Џонс ѝ соопштија на Клое Жао дека ја доби наградата за најдобра режисерка

Кејт Хадсон во „Луј Витон“

Легендарната Џејн Фонда ја доби наградата „Сесил Б. ДеМил“ за животно дело