ГРАМПИ КЕТ ЗАРАБОТИ МИЛИОНИ ДОЛАРИ КАКО ИНТЕРНЕТ СЕНЗАЦИЈА, НО Е ДАЛЕКУ ОД БОГАТСТВОТО НА КУЧЕТО ГИНТЕР

Њујорк, (Мешабл)

Грампи Кет, најпознатото животно на интернет чиј постојано намуртен израз на лицето беше инспирација за голем број мемиња, умре на седумгодишна возраст, објави нејзината сопственичка Табата Бандесен.

Со вистинско име Тардар Сос, таа стана интернет сензација по една фотографија објавена на социјалната мрежа Редит и потоа се појави на Бродвеј, филм, телевизија и на голем број јавни настани, од што добро и заработи. Богатството на Грампи Кет, чиј необичен изглед се должи на џуџест раст, некои го проценија на 100 милиони долари, но тоа беше демантирано од Бандесен, која, сепак, не откри за колкава сума станува збор.

Колку и да се, Грампи Кет не е единственото богато животно на светот.

  • Германскиот овчар Гинтер Четврти е најбогатото животно на светот и „располага“ со 400 милиони долари, што вклучува имот во Германија, Италија, САД и Бахами. Тој е прв потомок на кучето на грофицата Карлота Либенштајн, на кое таа му остави најголем дел од своето богатство.
Гинтер Четврти се вози во лимузина, јаде кавијар и ја има купено вилата на Мадона во Мајами Бич
  • Оливија Бенсон, мачката на Тејлор Свифт, беше ѕвезда на реклами на големи брендови и денес вреди 97 милиони долари.
  • Секое од петте кучиња на Опра Винфри ќе добие по 30 милиони долари по нејзината смрт.
  • Мачорот Томасино наследи 13 милиони долари по смртта на неговата сопственичка Марија Асунта на 94 години, која му остави и замоци, вили и друг имот.
  • Померанецот Бу на Ајрин Ан, вработена во Фејсбук, имаше 17,5 милиони фанови на Фејсбук и беше предмет на неколку фотокниги. Пред да умре во јануари годинава, богатството на ова куче се проценуваше на осум милиони долари.