Принцот Хари и Меган Маркл се преселија во нов дом во Калифорнија, објави нивни претставник, не откривајќи други детали.
Агенти за недвижности и даночни податоци укажуваат дека станува збор за имот од над 28.000 квадратни метри во областа Санта Барбара, чија вредност е проценета на 14,65 милиони долари. Весникот „Лос Анџелес тајмс“ објави дека имотот бил продаден на крајот на јуни. Во крајбрежната заедница Монтесито имот поседуваат и други славни личности, како Опра Винфри и Елен Деџенерес.
Имотот е изграден во 2003 година и главната куќа од 1.350 квадрати содржи девет спални соби, домашно кино, спа и теретана.
По откажувањето од кралските задолженија, Хари и Меган прво живееја во Канада, а на почетокот на пандемијата на коронавирусот се преселија во САД.