ЏОН ЛЕЏЕНД ПРЕКУ НОВ СПОТ НАВЕСТИ ДЕКА ГО ЧЕКА ТРЕТОТО ДЕТЕ СО КРИСИ ТИГЕН

Лос Анџелес, (Си-Ен-Ен)

Американскиот пејач Џон Леџенд на креативен начин објави дека неговата сопруга Криси Тиген е повторно бремена, навестувајќи го тоа во спотот за својата нова песна „Див“. Информацијата дека тие го чекаат своето трето дете потоа била потврдена од извор близок до нив. Леџенд и Тиген веќе се родители на четиригодишната ќерка Луна и на двегодишниот син Мајлс.

Шпекулациите за бременоста на Тиген се проширија откако целото семејство се појави во новиот спот на Леџенд, кој на крајот го допира нејзиното сѐ уште мало трудничко стомаче.

Леџенд и Тиген се запознаа на снимањето на еден негов спот во 2006 и се венчаа во Италија седум години подоцна. Тие важат за една од најомилените двојки на социјалните мрежи.