ХОТЕЛ ВО БЕЛФАСТ ПРЕТСТАВИ КОКТЕЛ ОД 1.200 ЕВРА, ГЛАВНА СОСТОЈКА Е РЕТКО ИРСКО ВИСКИ

Белфаст, (Јуроњуз)

Хотел во Белфаст претстави коктел од 1.200 евра, опишувајќи го како искуство што еднаш се доживува.

Неговата главна состојка е ‘Midleton Foret de Troncais‘, опишан како ремек-дело од ирско виски, зреено во ретки француски дабови буриња. Едно шише од ова виски чини 4.800 евра.

Покрај вискито, во коктелот се додаваат и црвениот вермут „антика формула“ и збогатеното вино „дубоне“.

„Она што го прави коктелот посебен е што има само 1.000 шишиња од ова виски и само неколку се достапни за купување. Старо е меѓу 13 и 37 години, со што е многу, многу старо“, изјави Арон Дјуган, менаџерот на барот во хотелот „Мерчант“.

Во хотелот порано можеше да се нарача „маи таи“ од 900 евра, што Гинисова книга на рекорди го призна за најскап коктел на светот. Титулата подоцна ја презеде коктел од 10.300 евра, што се продаваше во клуб во Мелбурн.

(Фото: хотел „Мерчант“)