Магазинот „Форбс“ и официјално го прогласи Канје Вест за милијардер, како втора личност од светот на хип хопот.
Тој го процени богатството на Вест на 1,3 милијарди долари, што во најголем дел се должи на неговата линија на патики „Јизи“, чиј партнер е гигантот „Адидас“. Неговата дискографија има мал удел во тоа, околу 90 милиони долари.
Вест се огласи по овој повод и кажа дека „Форбс“ ја потценил неговата вредност, тврдејќи дека всушност изнесува 3,3 милијарди долари.
Првиот хип хоп музичар кој се најде на листата милијардери на „Форбс“ беше Џеј-Зи.