Магазинот „Максим“ ја прогласи Кејт Аптон за најсекси жена на светот.
Дваесет и петгодишниот американски модел ја краси насловната страница на најновото издание на магазинот, како дел од фотосесија снимена во израелска пустина.
Аптон ја наследува оваа титула од Хејли Болдвин.
„Напорно работам на себеси. Да се биде број еден на топ-100 листата е мала награда за сета таа напорна работа. Фотосесијата ја направивме во Израел и едно вакво патување беше на мојата листа на најголеми желби“, вели Аптон.
Таа веќе се испроба и во Холивуд, но во иднина сака да се ослободи од стереотипни улоги.
„Тоа не е лесна индустрија и лесно е некој како мене да го следат стереотипи. Дефинитивно не сакам да играм една иста улога цело време“.
Забавата „Хот 100“ на „Максим“ ќе се одржи на 21 јули во Холивуд, а во меѓувреме ќе бидат објавени и имињата на останатите жени од листата.
Аптон од лани е во брак со бејзбол играчот Џастин Верландер.