КЕНДАЛ ЏЕНЕР ВТОРА ГОДИНА ПО РЕД Е НАЈПЛАТЕНА МАНЕКЕНКА

Њујорк, (Форбс)
Model Kendall Jenner walks the runway during the 2018 Victoria's Secret Fashion Show at Pier 94 on Thursday, Nov. 8, 2018, in New York. (Photo by Evan Agostini/Invision/AP)

Кендал Џенер, можеби, не е така експонирана и платена како останатите членови на семејството Кардашијан-Џенер, но заработува повеќе од кој било модел на светот.

Дваесет и тригодишната Џенер заработила 22,5 милиони долари во периодот од јуни 2017 до јуни 2018 година, што ја прави најдобро платен модел за оваа година, објави „Форбс“. Меѓу повеќето брендови, таа е заштитно лице на „Адидас“ и на „Келвин Клајн“.

Нејзината сестра Кајли Џенер годинава заработи 166,5 милиони долари благодарение на својата козметичка линија и е на пат да стане милијардерка.

На второто место на најдобро платени модели е Карли Клос со 13 милиони долари, а Криси Тајген е на третото место со 11,5 милиони.

Кендал Џенер втора година по ред се најде на врвот на оваа листа, откако лани, по 15 години, ја замени Жизел Бундшен како најплатена манекенка.