Новата серија марки на Британската кралска пошта ќе содржи две кралици.
Во чест на 50-годишнината од основањето, „Квин“ ќе стане само втора музичка група која била овековечена на поштенски марки во Велика Британија, по „Битлс“ во 2007 и „Пинк флојд“ во 2016 година.
Колекцијата се состои од 13 марки и на нив се прикажани некои од најпознатите омоти на албуми, моменти од настапите во живо и првата фотосесија на групата од 1974 година.
„Понекогаш ми е чудно кога ќе се разбудам и ќе сфатам во која позиција се наоѓаме сега. Ние сме станале национална институција“, изјави гитаристот Брајан Меј, додека тапанарот Роџер Тејлор додаде дека „ова е голема чест“.