Војвотката од Сасекс Меган Маркл се вклучи во хуманитарен проект за готвење и издавање книга со рецепти, за помош на луѓето кои го преживеаја ланскиот катастрофален пожар во кулата Гренфел во Лондон, кога загинаа 71 лице.
Проектот „Љубов“ почна минатото лето, на иницијатива на повеќе жени, кои сакаа да им помогнат на нивните семејства и пријатели по пожарот кој ја зафати зградата со 24 спрата. Книгата „Заедно: нашиот готвач“ е збирка од 50 рецепти и ќе му овозможи на проектот да се прошири, а кујната да биде отворена преку цела недела.
„Веднаш се поврзав со луѓето во оваа заедничка кујна. Ова е место кадешто жените тажат, се смеат, плачат и заедно готват“, рече Меган, која првпат ја посети кујната во јануари.
„Минатото лето бевме сместени во хотел и немав кујна да готвам за моето семејство. Тешко ми беше и кога дојдов во оваа кујна, готвев со солзи. Потоа за кујната дознаа многу мајки од училиштето на син ми, тие кажаа на други жени и наеднаш дојдоа жени од различни култури, готвеа, разменуваа рецепти, се смееја“, рече една од жените кои работеа на книгата, Мунира Махмуд.
Меган ќе организира настан во палатата Кенсингтон на 20 септември, за да го промовира готвачот со поддршка на Кралската фондација.
„Сѐ уште не ми се верува дека кога војвотката дојде првпат, стави престилка и исчисти ориз. Кога ѝ кажавме дека кујната е отворена само двапати неделно, таа предложи да разменуваме рецепти и да се гледаме почесто. Така дојдовме до готвачот“, рече Махмуд.