МИС ДАНСКА СТАНА МИС УНИВЕРЗУМ ЗА 2024

Мексико Сити, (Си-Ен-Ен)

Викторија Кјер Тилвиг од Данска е крунисана за Мис Универзум за 2024 со што стана првата Данка што некогаш победила на натпреварот.

21-годишната танчарка, претприемач и адвокатка, победи во конкуренција од 120 други учеснички на изборот за убавина што се одржа на 16 ноември во Мексико.

Во октомври, Теа Георгиевска од Куманово беше избрана за Мис на Македонија и ја претставуваше Македонија на светскиот избор на Мис Универзум.

Фото: Гети