Италијанскиот дизајнер Џорџо Армани избра земјени тонови со светкави додатоци за својата најнова женска колекција, претставена на Модната недела во Милано.
Деведесетгодишниот ветеран, чија колекција есен/зима 2025 е насловена „Корени“, го отвори шоуто со златни, песочни, крем и сиви јакни и со модели облечени во широки свилени панталони.
„За Џорџо Армани, секоја колекција е враќање на неговите корени. Оваа сезона облеката е со земјени нијанси кои го симболизираат враќањето кон предците“, се вели во белешките од ревијата.
Од додатоци, моделите носеа капи, ремени, ѓердани и рамни чизми.
(Фото: АФП)