БЕЛ СЕКСИПИЛ НА ЦРВЕНИОТ КИЛИМ НА ЕМИ НАГРАДИТЕ (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Лос Анџелес, (АФП)

На температура од 28 Целзиусови степени, холивудските ѕвезди се собраа во Лос Анџелес во сатенски модели, провокативни долги фустани и секси комплети за 70. доделување на телевизиските награди Еми.

Ѕвездите на „Игра на тронови“, Емилија Кларк и Гвендолин Кристи (Фото: Гети)

Некои од креациите во театарот Мајкрософт дури имаа и политички став, коментираат модните критичари.

Еван Рејчел Вуд, Кери Расел и Елизабет Мос (Фото: Гети)

„Игра на тронови“ и „Прекрасната госпоѓица Мејзл“ се најголемите победници на вечерта: првата освои вкупно девет, а втората осум статуетки. „Игра на тронови“, која лани не беше во конкуренција, сега има колекција од 46 награди Еми.

Криси Тиген, Тифани Хадиш и Трејси Елис Рос (Фото: Гети)