„БУРБЕРИ“ ГО ИСФРЛА КРЗНОТО ОД КОЛЕКЦИИТЕ

Лондон, (АП)

По „Гучи“ и „Версаче“, и луксузниот британски моден бренд „Бурбери“ веќе нема да користи крзно во нивните креации.

Модната куќа соопшти дека нема да има крзно во нејзината колекџија, која ќе биде претставена на Лондонската модна недела во текот на месецов. Исто така, ќе го отстрани крзното од веќе постоечките креации.

Изминативе години, „Бурбери“ ограничено користеше вистинско крзно во алиштата, и тоа од зајак, лисица и азиски ракун.

Колекцијата која ќе биде претставена на 17 септември е деби на новиот уметнички директор Рикардо Тиши, кој го замени Кристофер Бејли.