Модната куќа „Бурбери“ најави дека колекцијата пролет/лето 2021 ќе ја претстави во живо преку стриминг сервисот Твич и е прв луксузен бренд кој се решава на ваков чекор.
Компанијата соопшти дека на настанот нема да има публика.
Модните компании низ светот експериментираат со различни формати со цел и во ерата на заштитни маски и физичка дистанца да ја одржат нишката на гламур и возбуда што со себе ја носат модните ревии.