Место на модна писта, „Кристијан Диор“ ги претстави своите нови дизајни на минијатурни кукли, во пресврт што го наметна пандемијата на коронавирусот.

(Фото: Ројтерс)

Брендовите се прилагодија на новите услови, па своите нови колекции ги откриваат онлајн или преку филм како дел од Париската недела на висока мода, еден од најпрестижните настани во светот на модата.

(Фото: Ројтерс)

Диор“ облече 37 мали кукли во своите фустани, кои потоа ќе им бидат доставени на врвните клиенти низ светот, додека јавноста ги виде преку необичен филм снимен од италијанскиот режисер Матео Гароне.

Ова беше поинакво, но прекрасно искуство“, вели дизајнерката на „Диор“ Марија Грација Кјури.