ЕКОЛОШКО, А ЛУКСУЗНО – СТЕЛА МАКАРТНИ СО ЕКОМАНИФЕСТ НА ПАРИСКАТА МОДНА НЕДЕЛА

Париз, (АП)

Во време кога климатските промени се светска топ-тема, пионерката во екомодата Стела Макартни ја претвори нејзината ревија на Париската модна недела во екоманифест.

Со нејзината прва ревија како дел од луксузната групација „ЛВМХ“, британско-американската креаторка се надева дека може да ја промени модата.

Ќерката на Синди Крафорд, Каја Гербер (Фото: АП)

Колекцијата се состои од 51 модел, сите изработени од 100 отсто еколошки материјали, но сите изгледаа луксузно.

„Се надевам дека кога ќе ја видите колекцијата, нема да гледате на неа како на одржлива мода. Иако е. Поентата е да се биде посакуван, убав и луксузен. Ова е иднината на модата. Мора таму да стигнеме“, изјави дизајнерката.

Гостите добиваа каталози, во кои имаше текст во вид на екоманифест, во кој беше наведено сѐ што направила Макартни во изминативе две децении за промоција на еколошка свест.