ФЕЈ ДАНАВЕЈ Е ИКОНА НА СТИЛОТ ВО НОВАТА РЕКЛАМА НА „ГУЧИ“

Њујорк, (Вог)

Феј Данавеј е стилска икона и на 77 години.

Двократната оскаровка е ѕвезда на новата рекламна кампања на „Гучи“, инспирирана од „животниот стил на богатите и славните во Холивуд“, при што акцентот е ставен на прославениот бренд на чанти на компанијата, „Силви“.

Холивудската легенда притоа игра во краток филм режиран од Петра Колинс, кој е снимен во стилот на реалното шоу „Вистинските домаќинки од Беверли Хилс“.

(Фото: Гучи)

„Гламурозниот лик ги поминува своите денови во возење со лимузина, потпишување автограми, шопинг, уживање покрај базен, играње тенис и во водење луксузен живот“, стои во појаснувањето на италијанскиот моден бренд.

Данавеј притоа негираше дека се откажала од кариерата на модел заради глумата.

„Тоа е еден вид мит. Јас снимив пет филма едноподруго во почетокот на кариерата и меѓу филмовите работев и како модел. Многу сум благодарна што ‘Гучи‘ ми понуди ваква шанса во оваа фаза од животот. Модата сѐ уште ме интересира и возбудливо е затоа што денес, сите генерации меѓусебе делат стилови и вкусови, веќе нема правила“, кажа Данавеј.