Холивудските ѕвезди донесоа многу стил на црвениот тепих на доделувањето на Златните глобуси, отворајќи ја сезоната на филмски награди во Лос Анџелес, што ќе заврши со Оскарите на 2 март.
Освежени од празничниот одмор, славните личности вообичаено доаѓаат на Глобусите во разиграно и опуштено расположение и спремни малку да се забавуваат на црвениот тепих.
Во поглед на модата, забележливо беше враќањето на гламурот од старата школа, дополнето со многу светки и сјај, но и долги ракавици.