„ЛУЈ ВИТОН“ ДИЗАЈНИРАШЕ ЗАШТИТЕН ВИЗИР ОД РЕЧИСИ 1.000 ДОЛАРИ

Париз, (Си-Ен-Ен)

Во услови кога не се гледа крај на пандемијата на коронавирусот, заштитната опрема несомнено ќе остане дел од секојдневниот живот, што во изминатиот период го искористија и познати модни брендови.

„Бурбери“ продава памучна заштитна маска од 115 долари, но „Луј Витон“ отиде чекор подалеку, лансирајќи заштитен визир за лице, чија цена ќе биде 961 долар. Дел од неговата колекција за 2021 година, луксузниот бренд вели дека визирот е дизајниран така да изгледа стилски и истовремено да штити.

Украсен со злато, визирот потемнува на сончева светлина, нудејќи заштита од сонце, а може и да се навали наназад и така да се носи како капа.

Визирот ќе се најде во продажба од 30 октомври.