Модната недела во Париз заврши со ѕвезденото шоу на „Ив Сен Лоран“ на 11 март, надоврзувајќи се на ревијата на „Шанел“. И не беше изненадување што во публиката беа имиња како Кејт Мос, нејзината ќерка Лајла и Хејли Бибер.
Кејт Мос носеше црни панталони и палто и проѕирна кошула.

Лајла (22) тргна по стапките на мајка ѝ со првото појавување како модел на 15 години, во кампања на „Марк Џејкобс“. Кејт Мос, која во јануари наполни 50 години, била откриена од водечки моден агент кога имала само 14 години, а две години подоцна почна да се појавува во реклами и списанија, станувајќи една од омилените ѕвезди на „Вог“.

И покрај тоа што нејзината мајка е еден од најпознатите модели во бизнисот, Лајла откри дека Кејт сакала да ја одврати за да не ги следи нејзините стапки.
„Мајка ми секогаш ме одвраќаше од манекенството. Секогаш велеше: ‘Ако сакаш да го направиш тоа, можеш, но јас не би ти препорачала‘“, кажа Лајла Мос.