МОДЕН ВИКЕНД СКОПЈЕ НА УНИКАТЕН НАЧИН ГО СЛАВИ 30-ГОДИШНИОТ ЈУБИЛЕЈ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Моден викенд Скопје сношти (25 април) со изложба и со неколку ревии почна да го слави 30-годишниот јубилеј. Модниот настан секоја година е сѐ поразличен и поиновативен,  со фокус на одржливоста, културата и динамиката на менувањето на дизајнот.

Фото: Ѓ.Личовски

„Оваа година под слоганот ‘Заедница’ (Community), Моден викенд Скопје ја става заедницата во центарот на својата визија. Ова не е модна недела што гледа само кон пистата, ова е модна недела што гледа кон луѓето. Бидејќи што е модата без оние кои ја носат?“, рекоа организаторите.

Фото: Ѓ.Личовски

Настанот почна со изложба на Друштвото на ликовни уметници (ДЛУМ) наречена „Фемина“ и продолжи со креации на млади дизајнери од Македонија, Словенија и Хрватска: Тим Понгрец, Хана Крниќ, Доротеа Сушиќ, Јана Станишиќ и Инес Бариќ. Следеа ревии на Ера Анџела и Џорџиа.

Фото: Ѓ.Личовски

До 27 април, во „Дајмонд оф Скопје“ ќе се одржуваат модни ревии, јавни дискусии, визуелни инсталации, изложби и други содржини. Учениците од СУГС „Димитар Влахов” ќе ги прават фризурите на моделите. Целосната програма е на овој линк. 

М. ЏАРОВСКА

Фото: Ѓ. ЛИЧОВСКИ