Гламурот по подолго време се врати на црвениот килим на денешното доделување на најпрестижните филмски награди Оскари. Златниот фустан на Кери Малиган и белиот фустан од тил на „Луј Витон“ во кој Марија Бакалова личеше на принцеза беа меѓу најзабележливте креации на првата голема модна парада за време на ковид пандемијата.

Зендаја во „Валентино“ (Фото: АП)

Продефилираа и доста црвени фустани, креации со тил, но и со гол стомак. Зендаја се истакна во жолт „Валентино“ фустан и „Блгари“ ѓердан со дијаманти од над 183 карати.

„Андра Деј и Зендаја ја донесоа пролетта“, вели помошник модната уредничка на „Есенс“, Ненси Хауард.

H.E.R., Реџина Кинг и Аманда Сејфрид (Фото: Гети)

Критичарите оценуваат дека годинава се истакнале мажите од филмскиот свет, експериментирајќи со бои и материјали.

Кери Малиган (Фото: Гети)

Според модната уредничка Ирина Гречко, Реџина Кинг во сината креација на „Луј Витон“ ја претстави фантазијата на црвениот килим во сезоната на награди по која копнееја гледачите.

Вајола Дејвис во „Александер Меквин“ (Фото: Гети)

Лесли Одом Џуниор (Фото: Гети)

Хали Бери (Фото: Гети)

Рис Витерспун во „Диор“ (Фото: Гети)

Андра Деј во „Вера Ванг“ (Фото: АП)

Марго Роби во „Шанел“ (Фото: Гети)

Ванеса Кирби во „Гучи“ (Фото: Гети)