НАЈПОПУЛАРНА БОЈА ЗА ДЕВЕРИЦИ ВО 2018

Лондон, (Ел)

Секоја деверица го мрази моментот кога ќе треба да облече фустан во неутралната крем боја.

Но, за сите тие кои ќе бидат деверици во 2018, почнува друга приказна. Ако невестата следи малку мода, тогаш девериците имаат среќа, бидејќи новоизбраната боја од „Вединг Вајр“ за фустаните на девериците во 2018 е Пантон Носталгија Роус.

Новоизбраната боја од „Вединг Вајр“ за фустаните на девериците во 2018 е Панетона Носталгија Роус.

Иако светло розовата боја долго време била хит за свадбите, минатата сезона имавме можност да видиме побогата розова боја, така што новата нијанса не е толку изненадувачка.

Со својства на виолетова боја, овој длабок тон е супер промена од понежните нијанси  на поранешните трендови.